Почеток СВЕТ Повеќе од половина од Американците веруваат дека живеат полошо отколку пред 2020 година

Повеќе од половина од Американците веруваат дека живеат полошо отколку пред 2020 година

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Малку повеќе од половина од Американците веруваат дека живеат полошо отколку пред претседателските избори во 2020 година, според најновата анкета на „Галуп“, птенесуваат медиумите во регионот. Покрај тоа, мнозинството жители на САД веруваат дека ситуацијата во економијата на земјата продолжува да се влошува.

Истражувањето покажало дека 52 отсто од испитаниците веруваат дека тие и нивните семејства живеат полошо отколку во 2020 година, а 39 отсто од нив веруваат дека живеат подобро. Околу осум проценти велат дека нивниот стандард во основа не е значително променет.

Истражувањето според написите е спроведено од 16 до 28 септември и открива разлики во перцепцијата за стандардите на населението пред претседателските избори. Резултатите покажале дека дури 72 отсто од демократите веруваат дека живеат многу подобро од пред четири години, само 7 отсто од републиканците мислат така, додека 35 се неутрални.

The post Повеќе од половина од Американците веруваат дека живеат полошо отколку пред 2020 година appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro