Почеток СВЕТПовеќе од 1.000 Палестинци се убиени додека чекале за храна во Газа

Повеќе од 1.000 Палестинци се убиени додека чекале за храна во Газа

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Повеќе од 1.000 Палестинци се убиени од мај додека се обидувале да добијат храна во Појасот Газа, претежно во близина на центрите за помош управувани од Хуманитарниот фонд за Газа, поддржан од САД и Израел.

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации во соопштението соопшти дека од 1.054 лица кои загинале обидувајќи се да добијат храна од крајот на мај, 766 биле убиени на пат кон местата управувани од Хуманитарниот фонд за Газа.

Останатите биле убиени кога се слушнало пукање околу конвои на ОН или места за помош, објави АП.

Министерството за здравство на Газа денес соопшти дека 101 лице, вклучувајќи 80 деца, починале од глад во последните денови.

Текстот Повеќе од 1.000 Палестинци се убиени додека чекале за храна во Газа е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа