Повеќе од 13.000 Шпанци се приклучиле на волонтерски групи за да им помогнат на луѓето погодени од поплавите во регионот на Валенсија, пренесува весникот „Ел Паис“.
Тие се пријавиле да волонтираат во 19 градови во Валенсија преку мрежата Телеграм, каде што добиле упатства и предупредувања за опасностите, вклучувајќи го и бројот на километри што ќе треба да ги поминат за да стигнат до погодените.
Волонтерите, кои се претежно млади луѓе, биле предупредени дека „патиштата пропаѓаат, а итните служби имаат проблеми да си ја вршат работата“.
The post Повеќе од 13.000 Шпанци се пријавиле да волонтираат во Валенсија по големите поплави appeared first on Република.