Почеток СВЕТ Повеќе од 2.700 словачки лекари дале отказ поради проблеми во јавното здравство

Повеќе од 2.700 словачки лекари дале отказ поради проблеми во јавното здравство

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Над 2.700 лекари во Словачка денеска дадоа отказ, барајќи од министерот за здравство Камил Шашак да го запре процесот на трансформација на државните болници во акционерски друштва, соопшти Синдикалното здружение на лекари (LOZ).

Според словачкиот портал ta3, синдикатот е свесен за проблемот со консолидација на јавните финансии, но кај медицинските работници, особено кај лекарите, се зголемува загриженоста за можното намалување на платите.

Претседателот на LOZ, Петер Висолајскиј, за медиумите изјави дека ова не е првпат лекарите да поднесуваат масовни оставки и дека се надева дека „владата ќе се вразуми и ќе почне да ги решава работите во корист на пациентите“.

The post Повеќе од 2.700 словачки лекари дале отказ поради проблеми во јавното здравство appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro