4
Челниците на најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус, ставија крај на сите дилеми кога е во прашање иднината на францускиот интернационалец, Пол Погба. Иако, моментално суспендираниот фудбалер изјави дека е подготвен да прифати помала плата само да остане во Торино, раководните лица на „старата дама“ потврдија дека играчот за врска ќе има статус на слободен играч од 1. јануари 2025 година.