На самитот на министрите за одбрана на земјите членки на Г7, што се одржува во Неапол, денеска беше изразена поддршка за „неповратниот“ пат на Украина кон членство во НАТО, но загриженост беше изразена и за израелските закани упатени кон мировниците на Обединетите нации во Либан.
Првиот состанок на МО на Г7 се одржува додека Израел и либанскиот Хезболах разменуваат оган, на денот кога беше лансиран дрон во резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесува Ројтерс.
Во 2024 година, Италија е ротирачки претседавач на Г7 во време кога Западот се соочува со напредување на Русија во Украина, воени активности на Кина околу Тајван и зголемени тензии долж границата меѓу Северна и Јужна Кореја.
Италијанскиот министер за одбрана Гидо Крочето, кој беше домаќин на состанокот во Неапол, изјави за новинарите дека Г7 не може сама да ги реши глобалните тензии, но дека е неопходно да се поттикне акцијата на пошироката меѓународна заедница.
Текстот Поддршка на министрите за одбрана на земјите членки на Г7 за „неповратниот пат на Украина кон членство во НАТО“ е превземен од МАКФАКС.