Почеток Пожар во автобус на ЈСП: повредена жена што управувала со возилото

Пожар во автобус на ЈСП: повредена жена што управувала со возилото

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Денеска (21.07.2025) во 07.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје настанал пожар во автобус на ЈСП, управуван од С.Б., додека се движел по булеварот.

Огнот бил изгаснат од страна на С.Б., која што потоа со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Фото: принтскрин

Текстот Пожар во автобус на ЈСП: повредена жена што управувала со возилото е превземен од МАКФАКС.