Почеток КУЛТУРАФилм Познатиот актер од култната серија „Луд, збунет, нормален“ осуден за педофилија

Познатиот актер од култната серија „Луд, збунет, нормален“ осуден за педофилија

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Откако беше обелоденето дека познатиот сараевски актер Моамер Касумовиќ во 2021 година бил осуден за блуд со малолетничка, јавноста реагираше со големо изненадување и осуда.

Многумина се прашуваа како е можно толку тешко кривично дело да добие толку ниска казна, а уште повеќе беа шокирани од информацијата дека казната може да се откупи.

Обвинителството на кантонот Сараево потврди дека поднеле жалба на висината на казната, но нивната жалба била одбиена.

-Обвинителството на кантонот Сараево поднесе жалба на висината на санкцијата, но Кантоналниот суд во Сараево ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената казна на Општинскиот суд во Сараево, изјави портпаролката на Обвинителство КС, Азра Бавчиќ.

Ѕвездата од серијата „Луд, збунет, нормален“, е осуден на една година затвор за кривично дело блудство врз малолетник.

Во меѓувреме, се појави и шокантна изјава во еден босански медиум, во која се тврди дека Касумовиќ си го подмирил, односно откупил, затворскиот долг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro