Почеток СПОРТОстанати спортовиПознати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур.

Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте најдобри репрезентации со триумф над Канада со 22-10.

Црна Гора во четвртфиналето ќе игра против Шпанија, додека Грција за противник ќе ја има Италија.

Преостанатите два четвртфинални дуели се Србија – САД и Хрватска – Унгарија.

Четвртфинални пресметки се закажани за во недела.

Можно е и ова да ти се допаѓа