Почеток МАКЕДОНИЈА Политичката нестабилност во Бугарија и нејзиното влијание врз Македонија: Милошоски повикува на стабилна влада за подобри односи

Политичката нестабилност во Бугарија и нејзиното влијание врз Македонија: Милошоски повикува на стабилна влада за подобри односи

Лидер мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Продолжувајќи со политичката неизвесност, Бугарија не успеа да добие јасен победник на последните избори, што резултираше со дополнителна фрагментација во Собранието. Антонијо Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, оцени дека политичката ситуација во соседната земја се усложнува со влезот на неколку радикално десничарски и антиевропски настроени партии. Според него, партиите со таков став ќе ги комплицираат односите во парламентот, а за Македонија би било поволно Бугарија да формира стабилна влада со јасна насока.

Македонско-бугарските односи зависат од стабилнa  бугарската влада

Милошоски нагласи дека стабилноста на бугарската влада е од клучно значење за напредокот на македонските интеграции и дека ваквата фрагментација го отежнува процесот на соработка:

  • „Пречките со кои Македонија се соочува во напредокот кон европските интеграции се директно поврзани со оваа фрагментација во бугарскиот парламент,“ истакна тој, поврзувајќи го почетокот на проблемот со периодот кога Бугарија имаше стабилни влади, но Македонија, како што рече, прифати услови што создадоа долгорочни пречки. Токму со потпишувањето на оној фамозен втор протокол од страна на тогашниот министер Бујар Османи и со поддршка на Ковачевски, Маричиќ и други официјални лица, Македонија беше ставена во неповолна позиција, каде што историските прашања се употребуваат како пречка во преговорите со ЕУ,“ додаде тој.

Македонскиот план наидува на поддршка во ЕУ, но е потребна согласност од Софија

Милошоски истакна дека македонскиот план за надминување на разликите со Бугарија е логичен и добива позитивни реакции од европските партнери, особено од Германија.

  • „Според мене, посетите на владината делегација во Берлин покажаа дека македонскиот план има аргументи и наидува на разбирање од многу од европските партнери,“ посочи тој. „Но, треба да се има предвид дека Софија мора да даде зелено светло за овој план, а за да се постигне тоа, Бугарија треба да има стабилна влада која може да учествува во рамноправен и конструктивен дијалог со Македонија,“ објасни Милошоски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro