Почеток СПОРТ Полицијата нема поим што се случило: Боксерот Тони Родригез пронајден мртов по борба

Полицијата нема поим што се случило: Боксерот Тони Родригез пронајден мртов по борба

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Полицијата во Аризона очајно се обидува да ја реши мистериозната смрт на мексиканскиот боксер Педро Антонио „Тони“ Родригез, кој беше пронајден мртов утрото по борбата.

Мексиканскиот борец во „супер бантам“ категорија беше поразен од Филип Вела само неколку часа пред неговата смрт во саботата навечер во Соединетите Држави. 37-годишниот борец од Дуранго загуби со едногласна одлука по шест рунди во саботата. По борбата, тој се вратил во својата хотелска соба.

Родригез имаше вечера со други борци од програмата, но не се појави во лобито на хотелот следната вечер.

Покрај вечерата, тој го пропушти и својот превоз до аеродромот, па загрижените колеги го повикаа персоналот на хотелот. Членовите на персоналот на хотелот веднаш влегоа во неговата соба и го пронајдоа мртов.

Полицијата го истражува случајот неколку дена и нема поим што се случило. Како што објавија, „причините за неговата смрт не се јасни“.

„Ми се јави кога заврши неговата борба. Дури и кога сè заврши, отиде во хотелот и разговараше со мене преку видео повик. Не знам што се случи, дали беше некаков удар. Збунет сум и чекам официјален извештај“, рече неговата сопруга Карла Валензуеа.

Сепак, властите во Аризона сè уште не објавија официјален извештај за причината за смртта и нема утврдена врска со каква било борба или каква било претходно постоечка медицинска состојба.

The post Полицијата нема поим што се случило: Боксерот Тони Родригез пронајден мртов по борба appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro