0
Двете ракометни селекции на кои се дел од Европскиот олимписки фестивал во Скопје, доживеаја нови порази, втори во вторите мечеви.
Машката кадетска репрезентација на Македонија го доживеа вториот пораз откако загуби од Шпанија со 26-31 и ќе се бори за пласман од петтото до осмото место.
Женската кадетска репрезентација на Македонија загуби вторпат, овојпат од Швајцарија со 20-33. Причината за поразот беше лошиот почеток кој го диктираше текот на целиот натпревар.
Во следното коло мажите играат со Исланд, додека дамите се среќаваат со Норвешка.