Почеток СПОРТ Поранешен играч на Марсеј почина на 35-годишна возраст

Поранешен играч на Марсеј почина на 35-годишна возраст

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Поранешниот марокански репрезентативец Абделазиз Барада почина во Франција од срцев удар, објави Лига 1. Имаше само 35 години. Најпознат е по тоа што во кариерата играше многу успешно за шпански Хетафе и француски Олимпик Марсеј.

Барада за Хетафе во кариерата одигра 66 натпревари, постигнал осум гола и девет асистенции, за Олимпик одигра 45 натпревари, постигнал три гола и девет асистенции.

Покрај тоа, тој забележа 28 настапи за мароканската репрезентација во кариерата од 2012 до 2015 година.

Со фудбалот почнал да се занимава во Сенарт-Моиси, а како јуниор настапувал за Б тимот на ПСЖ. Кариерата ја заврши во 2021 година во францускиот нисколигаш Луситанос.

Текстот Поранешен играч на Марсеј почина на 35-годишна возраст е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro