Почеток СВЕТ Портпаролот на израелската армија: Сите оние кои и се закануваат на државата Израел ќе платат висока цена

Портпаролот на израелската армија: Сите оние кои и се закануваат на државата Израел ќе платат висока цена

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари го предупреди Иран од понатамошна ескалација по завршувањето на израелските одмазднички напади врз Иран.

– Ако режимот во Иран направи грешка да почне нова рунда на ескалација – ние ќе бидеме обврзани да одговориме, рече Хагари утрово.

– Нашата порака е јасна: Сите оние кои и се закануваат на државата Израел и се обидуваат да го вовлечат регионот во поширока ескалација, ќе платат висока цена, нагласи тој.

– Денеска покажавме дека имаме и способност и решителност да дејствуваме решително и сме подготвени во напад и одбрана да ја браниме државата Израел и народот на Израел, продолжи Хагари.

Хагари рече дека нападите врз воени цели во Иран ги спречиле непосредните закани за Израел.

The post Портпаролот на израелската армија: Сите оние кои и се закануваат на државата Израел ќе платат висока цена appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro