2
Ракометниот клуб Алкалоид полека, но сигурно се насочува кон плеј-оф двомечот против екипата на Хановер за пласман во Европската лига на ЕХФ.
Скопскиот тим прво ќе гостува во Германија на 31 август овој месец, а Европската ракометна федерација веќе ги одбра официјалните лица.
Правдата на овој натпревар ќе ја делат португалските судии Рубен Маиа и Андре Нунеш.
Делегат на натпреварот во Хановер ќе биде Пер Олесен од Данска.
Средбата меѓу Хановер и Алкалоид на 31 август се игра во терминот од 17:00 часот, а реваншот е на 6 септември во „Автокоманда“.