Медиумите кои важат за блиски до Реал (М) вината за неуспехот на Винисиус Јуниор ја лоцираа и кај Бруно Порцио, аргентинскиот новинар кој гласаше во име на Салвадор, кој не му даде ниту еден поен на Бразилецот. Имено, по еден новинар од секоја земја членка на ФИФА има право да гласа за „Златната топка“ и тој им дава од 1 до 15 поени. Иако Винисиус имаше одлична сезона во Реал, Порцио во интервју за аргентинскиот „Ел Графико“ и шпанскиот „Ел Чирингуито“ објасни зошто не му бил даден ниту еден бод во изборот за „Златната топка“
„Винисиус е играч кој не е пример за фер-плеј однесување и однос кон противниците. Покрај тоа, тој е едностран, не е доволно вклучен во играта на тимот. Дури и ако имаше одлични моменти, како голот во финалето на ЛШ, мислам дека тој не е целосно развиен играч кој може да ја освои „Златната топка“. Го пуштија да трча 70 метри пред да постигне гол. Тој едноставно не е играч што ме импресионира. Неговата игра е ограничена на многу мал дел од теренот. Не го сметам за одлучувачки, туку за некомплетен играч и не е меѓу десетте најдобри во Европа“, изјави новинарот кој на победникот Родри му даде само 4 поени.