Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава Поставени камери за откривање злоупотреба на водоснабдувачкиот систем

Поставени камери за откривање злоупотреба на водоснабдувачкиот систем

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Од јавното претпријатие за водовод и канализација „Шар“ од Тетово информираа дека поставиле камери за видеонадзор, со цел да се снимаат местата каде што се наоѓаат вентилите и контролните уреди од градскиот водоснабдителен систем. Истакнуваат дека оваа мерка е преземена за заштита на безбедноста на водоснабдувањето.

– Многу неодговорни граѓани во минатото без дозвола ја прекинувале или ја пуштале водата, предизвикувајќи проблеми за сите. Отсега, па натаму, овие места ќе бидат под 24/7 надзор со безбедносни камери и претпријатието ќе преземе строги мерки за идентификување и за казнување на секој оној што ќе интервенира или ќе го оштети јавниот водоводен систем. Секое вакво прекршување ќе биде објавено и санкционирано според важечките закони за заштита на интересите на сите граѓани – се вели во информацијата на ЈП „Шар“ од Тетово.

Неколку пати досега претпријатието известуваше дека, при контрола на правни субјекти, се утврдени и нелегални приклучоци во водоснабдувачкиот систем, за што повело соодветни постапки пред институциите. 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro