Две синогрли ари Марго и Лили избегаа од своето оградено живеалиште во Зоолошката градина во Лондон. Се верува дека уште се наоѓаат во просторот на зоолошката која е богата со дрвја.
Како што информираат од зоолошката градина, оваа двојка папагали и претходно знаела да се крие по кршните на дрвјата во зоолошката градина, но веќе два дена никој ги нема забележано.
Чуварите во зоолошката, граѓаните и луѓето од Вестминстерскот совет го пребаруваат подрачјето.
Се веруваше дека овој вид папагали е изумрен де додека не се појавија во боливиската савана во 1992 година.
Поради тоа избеганите папагали Лили и Марго зажат за „амабасадори на својот вид“.
Птиците имаат пердуви во впечатлива сина и жолта боја, долга опашка и гласен вик.