Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЖивот Потрошила 88.000 евра на операции по породувањето и целосно го променила изгледот: Коментарите не престануваат сега

Потрошила 88.000 евра на операции по породувањето и целосно го променила изгледот: Коментарите не престануваат сега

Женски магазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Добивај вести на Viber

Клео Соуза, мајка од Бразил го предизвика вниманието на јавноста откако откри дека потрошила дури 88.000 евра на низа естетски и неинвазивни процедури за подобрување на својот изглед.

Откако ја родила својата единствена ќерка, Клео решила да се посвети и да помине низ трансформација која, како што вели, и помогнала да се чувствува поубаво, посамоуверено и поудобно во своето тело. Сепак, тaa нагласува дека целта на постапката не била да се врати на својот „стар изглед“, туку да влезе во сосема нова фаза од животот.

Ова не е обид да се врати времето назад. Не сакам да бидам истата личност што бев пред породувањето. Сакам да бидам нова верзија од себе – посилна, посреќна и посигурна, изјавила Клео.

Иако точните процедури на кои таа била подложена не се наведени, се верува дека тие вклучувале комбинација од хируршки и третмани без нож, а сето тоа имало за цел да го подобри нејзиниот физички изглед и внатрешното чувство на задоволство.

Нејзиниот потег предизвика многу коментари на социјалните мрежи, но Клео тврди дека на жените, особено на мајките, им е важно да се грижат за себе и за своето ментално и физичко здравје – на начин кој најмногу им одговара.

Како изгледала Клео пред операциите

После операциите 

Извор на фото: Profimedia.com / Извор: ona.telegraf.rs



zenskimagazin.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro