Почеток СПОРТ Потроши 700.000 евра на жена која не ја ни запознал, а мислел дека се во врска 13 години!

Потроши 700.000 евра на жена која не ја ни запознал, а мислел дека се во врска 13 години!

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Поранешниот италијански одбојкар Роберто Казанига (42) со години живееше во голема заблуда, бидејќи мислел дека е во врска со бразилската манекенка Алесандра Амбросио (40)!

Казанига не се ни запознал со згодната Бразилка, која моментално е во врска со Ричард Ли, но последниве 13 години верувал дека е заедно со Амбросио.

За се да биде поневеројатно, тој дури и потрошил 700.000 евра за неа. Подоцна се покажало дека некоја 50-годишна Маја всушност стои зад ова дело, односно зад Алесандра. Според Роберт, пријател му дал телефонски број кој наводно припаѓал на жена која сакала да го запознае. Таа тогаш му признала дека името е псевдоним и дека таа е всушност Алесандра.

-Не, никогаш не сме се сретнале. Секогаш имаше илјада изговори, како болест или работа. Но, јас сепак се заљубив во тој глас, и така повик по повик контактиравме само преку мобилен телефон, речиси секој ден, изјави Роберто за „Кориере дела Сера“.

Тој кажа и дека позајмувал пари од роднини, семејство, пријатели за да ги задоволи потребите на наводната Амбросио… Потоа било откриено дека зад измамата стојат три лица, а еден италијански весник објави дека неговите соиграчи го опишале како интровертен и наивен и дека всушност се сомневале во измамата и случајот го пријавил во полиција која извршила увид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro