24
Министерството за внатрешни работи информира дека 48-годишен жител на Струга е пронајден мртов во мотел во скопската населба Ѓорче Петров.
-На 02.11.2024 година во 16.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека во мотел на подрачјето на Ѓорче Петров бил пронајден починат маж(48) од Струга, велат од полицијата.
Од лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт, а од страна на екипа од ЕНК ОКСД и од ЕУМНА извршен е увид.
За случајот е известен надлежен ЈО и по негови насоки телото на починатиот било предадено на обдукција.
The post Починат маж пронајден во мотел во Ѓорче Петров appeared first on Локално.