Почеток СВЕТПочина Зоран Секулиќ, сопственик и главен уредник на агенцијата ФоНет

Почина Зоран Секулиќ, сопственик и главен уредник на агенцијата ФоНет

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Сопственикот, директор и главен уредник на новинската агенција ФоНет, Зоран Секулиќ, почина синоќа по кратко боледување на 67-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Секулиќ е основач на новинската агенција ФоНет, првата приватна новинска агенција со независна уредувачка политика во Србија, која започна со работа на 7 февруари 1994 година. Беше член на Управниот одбор на Медиумската асоцијација, најголемото деловно здружение на издавачи на весници, новински агенции и портали во Србија, и член на Управниот одбор на Советот за печат. Во септември 2011 година, беше преговарач на медиумската заедница (Медиумско здружение, НУНС, УНС, НДНВ и Локален печат) со Владата на Србија, за време на изготвувањето на првата Медиумска стратегија.

Новинарската кариера ја започна во 1982 година, како соработник во Радио Белград, програма 202. Од 1983 до 1993 година, работеше како новинар и уредник во Новинската агенција Танјуг. Известуваше од сите најважни домашни и меѓународни државни и меѓудржавни собири за време на југословенската криза, вклучувајќи ги седниците на Претседателството на СФРЈ, преговорите меѓу претседателите на југословенските републики и покраини, како и од Меѓународната конференција за поранешна Југославија, со која претседаваше Лорд Карингтон во Хаг.

Во ноември 1993 година го напушти Танјуг и ја основа агенцијата ФоНет, со која соработува и МИА.

За неговата новинарска работа добитник е на бројни нагарди и признанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа