Почеток КУЛТУРАСценаПочина легендарната пејачка: Замина кратко откако нејзината песна стара 63 години стана хит на ТикТок

Почина легендарната пејачка: Замина кратко откако нејзината песна стара 63 години стана хит на ТикТок

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Кони Френсис почина на 87-годишна возраст, објавија светските медиуми.

Смртта на легендарната поп и кантри пејачка ја потврди нејзиниот пријател Рон Робертс во четврток, само неколку недели откако Кони беше примена во болница во Флорида.

-Со тешко срце и крајна тага ве известувам за смртта на мојата драга пријателка Кони Френсис синоќа. Знам дека Кони би одобрила што нејзините обожаватели се меѓу првите што дознаваат за оваа тажна вест. Повеќе детали ќе следат подоцна, објави нејзиниот пријател на социјалните мрежи.

Нејзината смрт доаѓа кратко откако нејзината песна од 1962 година „Pretty Little Baby“ стана вирална на ТикТок, враќајќи ја на топ листите за првпат по повеќе од 60 години.

https://www.youtube.com/watch?v=A1MdThqGarI

Можно е и ова да ти се допаѓа