Почеток МАКЕДОНИЈА Почина поранешниот функционер Тахир Хани

Почина поранешниот функционер Тахир Хани

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Почина Тахир Хани, поранешен функционер на Демократската унија за интеграција. Роден е на 15-ти декември 1961 година во Струга. Извршувал важни државни функции, меѓу кои пратеник, министер, заменик министер.

Веста за смртта на Хани ја објави неговата матична партија, ДУИ на официјалниот фејсбук-профил.

„Со длабока тага ве известуваме дека по кратко боледување почина нашиот пријател Тахир Хани“, стои во информацијата.

Сочувство до семејството упати струшкиот градоначалник Рамиз Мерко изразувајќи жалење за загубата на својот колега и пријател.

Погребот е најавен за денеска во 15 часот на гробиштата во струшкото село Велешта.

The post Почина поранешниот функционер Тахир Хани appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro