0
Со расчистувањето на просторот на Скопското кале започнуваат активностите кои се дел од планот за неговата ревитализација.
Калето е значаен културно-историски дел од градот, а како што најавуваат од Министерството за култура и туризам со процесот ќе се отпочне утре.
Настанот е закажан во 9 часот, а Калето ќе го посетат министерот Зоран Љутков, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и директорката на Управата за заштита на културното наследство Весела Честоева.