Почеток СПОРТКошарка По инцидентите од КК Чаир, СВР Скопје се сретна со организаторите и комесарите за безбедност на кошаркарските клубови

По инцидентите од КК Чаир, СВР Скопје се сретна со организаторите и комесарите за безбедност на кошаркарските клубови

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во просториите на Кошаркарската федерација вчера се одржа состанок по иницијатива на претставници од Секторот за внатрешни работи Скопје со организаторите и комесарите за безбедност од 19 кошаркарски клубови со седиште на подрачје на град Скопје.
На средбата беше потенцирана соработката и комуникацијата за доследно спроведување на одредбите од Законот за спречување на насилство на спортски натпревари и заеднички мерки со цел безбедно организирање, одржување и обезбедување на претстојните натпревари кои ги организира Македонската кошаркарка федерација, велат од СВР Скопје.
Состаноткот доаѓа по инцидентите на натпреварите на Чаир 2030:
https://republika.mk/sport/kosarka/navivachi-na-chair-napadnaa-igrach-na-tft/

The post По инцидентите од КК Чаир, СВР Скопје се сретна со организаторите и комесарите за безбедност на кошаркарските клубови appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro