Почеток СПОРТПо месеци преговори и 80 милиони евра, Манчестер Јунајтед го убеди Мбуемо да дојде на „Олд Трафорд“

По месеци преговори и 80 милиони евра, Манчестер Јунајтед го убеди Мбуемо да дојде на „Олд Трафорд“

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Манчестер Јунајтед договори уште едно скапо засилување – камерунскиот напаѓач Брајан Мбеумо (25), кој постигна 20 гола и девет асистенции минатата сезона, објавија британските медиуми.

Преговорите за неговото доаѓање траеја еден месец, а „Црвените ѓаволи“ ќе мора да платат отштета од 80 милиони евра на Брентфорд.

Тоа е шест милиони евра повеќе од сумата што ја платија за бразилскиот напаѓач Матеус Куња.

Британските медиуми тврдат дека трансферот ќе биде финализиран пред сабота, кога Јунајтед заминува на американската турнеја.

Камерунскиот голгетер пристигна во Брентфорд од француски Троа во летото 2019 година, а англискиот клуб плати шест и пол милиони евра отштета за него.

За пет сезони во Брентфорд, тој постигна 70 гола и додаде 51 асистенција.

The post По месеци преговори и 80 милиони евра, Манчестер Јунајтед го убеди Мбуемо да дојде на „Олд Трафорд“ appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа