Украина и Русија ја продолжија ситуацијата од претходните денови, со жестоки ноќни воздушни напади со дронови и ракети врз противникот, кратко време откако во Истанбул заврши третата рунда од обновените преговори, јавуваат украинските и руските медиуми.
Во голем руски напад со дронови врз Одеса е оштетен еден споменик на културата заштитен од УНЕСКО, соопшти шефот на Одеската обласна воена администрација. Оштетена е и станбена повеќекатница, а има и други материјални штети во градот. Информациите за повредени и загинати уште не се целосно собрани.
Украински дронови, пак, го нападнаа рускиот град Сочи.
Почна бруталното палење во Русија – Видео од морничавото уништување на Сочи
Нападите се случија неколку часа од преговорите меѓу руската и украинската делегација во Истанбул. Двете страни се договорија за размена на затвореници, но сепак главно ги истакнувале своите гледишта, што во поглед на руската страна значи непопустливост во однос на барањата што ги поставува за крај на војната.
Украинската страна изрази подготвеност за итен прекин на војната. Шефот на украинската делегација Рустем Умеров, по преговорите во Истанбул, рече дека на третата рунда преговори, украинската страна изразила подготвеност да ја прекине војната, особено кога станува збор за напади врз критичната и цивилната инфраструктура,
The post По преговорите во Истанбул, повторно ноќ на меѓусебни воздушни напади на Русија и Украина appeared first on Локално.