Правобранител од Охрид лажно се преставувал како адвокат.
Станува збор за лицето А.Р. (40), кој заработи кривична пријава од СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“.
Тој од 10. ноември 2020 година, бил именуван за правобранител за подрачјето на Охрид и од тој ден ја ставил во мирување својата адвокатска дејност.
Но, како што информираа од полицијата, тој пред надлежниот Основен суд Охрид во три наврати, и тоа во предмет, лажно се претставил како адвокат и застапувал странки во постапки пред надлежниот суд, прикривајќи го фактот дека адвокатската дејност му е во мирување, а со цел да прибави за себе противправна имотна корист и на тој начин го сторил кривичното дело.
The post Правобранител од Охрид лажно се преставувал како адвокат appeared first on еМагазин.