Почеток ЕКОНОМИЈА Првата жртва на кризата во „Фолксваген“! „Бош“ отпушта 7.000 работници: Работеле како добавувачи

Првата жртва на кризата во „Фолксваген“! „Бош“ отпушта 7.000 работници: Работеле како добавувачи

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Германскиот концерн „Бош“, чии производи се доставуваат до германските автомобилски марки „Фолксваген“ и „БМВ“, ќе отпушти седум илјади вработени.

Извршниот директор на компанијата, Стефан Хартунг, зборуваше за ова вчера во интервју за „Тагесшпигел“.

„Зголемувањето на обемот на трговската размена со светот значи и намалување на капацитетите на домашниот пазар. „Бош“ е принуден да укине повеќе од седум илјади работни места во Германија бидејќи бизнисот е под притисок. Сега не можам да ја исклучам можноста дека ќе мора дополнително да ги приспособиме нашите кадровски капацитети“, рече Хартунг.

Тој истакна дека „Бош“ нема да може да го исполни својот економски план за 2024 година. Како резултат на тоа, продажбата ќе биде на пониско ниво отколку во 2023 година.

The post Првата жртва на кризата во „Фолксваген“! „Бош“ отпушта 7.000 работници: Работеле како добавувачи appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro