Почеток СПОРТФудбал Првиот човек на ФФМ остана без дипломатски пасош

Првиот човек на ФФМ остана без дипломатски пасош

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, од денеска не поседува дипломатски пасош на Македонија.
Ова е одлуката на Министерството за надворешни работи (МНР), кои решија да ја повлечат одлуката на Бујар Османи кој во минатото од нејасни причини му подари на првиот човек на Фудбалската федерација (ФФМ), специјален третман и пасош кој се добива по заслуга, објави Спортспорт.
Ваквиот потег на МНР најверојатно доаѓа по низата скандали кои ја тресат „Куќата на фудбалот“, но и по серијата на откази за спонзорство на сериозни партнери кои со години беа спонзори во ФФМ.
МНР ја остави на сила одлуката за пасош со дипломатски почести да ги имаат фудбалерите кои ги имаат ваквите патни исправи, а кои ги добија по победата над Италија во баражот за СП.

The post Првиот човек на ФФМ остана без дипломатски пасош appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro