Од „На точак“ информираат дека предлог Правилникот за велосипедска инфраструктура е доставен до Министерството за транспорт и врски, на 30.10.2024 година и се надеваат дека по девет години од првиот обид ќе има конечно позитивен одговор. -Сега целата стручна, активистичка, политичка и општа јавност има можност да ги види овие документи, да ги користи како стручна литература, да предложи подобрување и конечно и најважно: да лобира да се донесат, бидејќи ќе биде за доброто на сите нас – нагласуваат од „На точак“, повикувајќи го Министерството за транспорт и врски, односно министерот, Александар Николоски, што поскоро да го донесе овој правилник
Патеките за велосипеди низ градот некаде се потесни некаде пошироки. Некаде се со мазна подлога, некаде со бехатон-плочки. Некаде имаат слеани рабници, а некаде удираат во висок тротоар. Некаде завршуваат во дрво, или во контејнер. Некаде минуваат низ автобуско стојалиште…
Токму затоа, од „Шанса за Центар“ велат дека нивниот дизајн мора да се унифицира и оти предлог-Правилникот за велосипедска инфраструктура кој го изработијa „Биди зелен“и велосипедските активисти е одличен чекор напред, бидејќи само Македонија, Косово и Албанија од соседството немаат ваков правилник….
Овој правилник како што информираат од „На точак“ веќе е доставен до Министерството за транспорт и врски, на 30.10.2024 година и се надеваат дека по девет години од првиот обид ќе има конечно позитивен одговор.
-Сега целата стручна, активистичка, политичка и општа јавност има можност да ги види овие документи, да ги користи како стручна литература, да предложи подобрување и конечно и најважно: да лобира да се донесат, бидејќи ќе биде за доброто на сите нас – нагласуваат од „На точак“, повикувајќи го Министерството за транспорт и врски, односно министерот, Александар Николоски што поскоро да го донесе овој правилник.
Од „На точак“ информираат дека Предлог-Правилникот за планирање, проектирање, изградба и одржување на велосипедска инфраструктура е изработен од Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Go green – Биди зелен“, во соработка со експерти од неколку релевантни струки (сообраќајно инженерство, градежништво –транспортна инфраструктура, урбанистичко планирање и архитектура).
-Во користената литература на овој Предлог е и документот Предлог-Правилник за условите за проектирање и изградба на велосипедската инфраструктура, првата фаза работена 2015-2016 и доработуван 2017-2018 година од Координативно тело за велосипедски сообраќај на Град Скопје од кое беше дел и „На точак“, кое функционираше во два мандати на два градоначалника – информираат од „На точак“.
Оттаму додаваат дека во тоа време добиле информации од Град Скопје дека се доставува предлогот до Министерство за транспорт и врски (веројатно неформално), но дека повратна информација немало. Се надеваат дека овој пат ќе биде поинаку.
(А.П.)