Почеток СПОРТПредлог-тикет на тема „се кладиме на Eнглези“

Предлог-тикет на тема „се кладиме на Eнглези“

sportplus.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Ова ќе биде прв викенд во новата сезона во кој ќе се играат натпревари од сите топ 5 лиги во Европа со стартот на шампионатите во Серија А и Бундеслигата, а тоа за нас значи повеќе опции за обложување.

Билтенот на Златна Копачка е побогат, но ние сепак се задржавме на најгледаните првенства, со акцент на Премиер лигата.

Нашиот склоп од шест пара ни носи солидна добивка:

АРСЕНАЛ – ЛИДС ЈУНАЈТЕД: 2+ гола во второ полувреме

Артета го загуби Хаверц на подолг период поради повреда, па новиот шпиц Ѓокереш ќе мора да го преземе товарот да ги полни противничките мрежи. Иако во дербито против Манчестер јунајтед не се снајде, ова е добра шанса за Швеѓанецот да почне да решета мрежи за Арсенал, па затоа во второто полувреме да паднат барем два гола.

ЊУКАСЛ – ЛИВЕРПУЛ: 0-2 гола во прво и 1-3 гола во второ полувреме

„Војната“ околу Исак меѓу двата клуба дополнително ќе ја зачини средбата на „Сент Џејмс Парк“, а тоа може да значи дека ќе има многу драма исполнета со погодоци. Нам тоа ни треба, во двете полувремиња да има возбудувања, како што беше на 4 од последните 5 меѓусебни средби.

МАН. СИТИ – ТОТЕНХЕМ: 1+ гола во прво и 1+ гола во второ полувреме

Граѓаните имаат за наплата, во ланската сезона дома беа декласирани со 0-4 од Тотенхем, па ова ќе биде добра шанса за тимот на Пеп да ги израмни сметките. Иако во два од последните пет меѓусебни лигашки средби одлучувал само еден гол, овојпат надежите се дека екипите ќе целат да постигнат што е можно повеќе погодоци во дете полуремиња.

МИЛАН – КРЕМОНЕЗЕ: Победа домаќин на полувреме и на крај

Росонерите претрпеа доста промени во текот на летото, како во играчки така и во стручен кадар. Макс Алегри го освежи тимот кој оваа сезона ќе се фокусира комплетно на Калчото во отсуство на европски пласман, па затоа од Милан се очекува силен старт на сезоната и убедлив триумф против повратниците во италијанската елита.

САСУОЛО – НАПОЛИ: Гол-гол

Одбраната на Скудетото Наполи ќе ја почне со незгодно гостување кај Сасуоло, кој експресно се врати во Серија А и има амбиции да го врати сјајот на клубот. Бараме двете екипи да постигнат барем по еден гол, без разлика што Наполи во последните пет меѓусебни дуели само двапати му дозволи на Сасуоло да постигне гол.

АТЛ. МАДРИД – ЕЛЧЕ: Победа домаќин и 1+ гола во второ полувреме

Јорганџиите стартуваа со непланиран пораз кај Еспањол, но ова е дуел кој речиси сигурно ќе им ја донесе првата победа сезонава во Ла Лига. Елче како повратник во шпанската елита се смета за една од екипите кој може експресно да испадне, па за Атлетико не би требало да биде проблем да ја продолжи серијата од 8 последователни победи на домашен терен против оваа екипа.

Викендашката комбинација стандардно ја уплаќаме со 200 денари, а доколку ја искористите шифрата за брза уплата може да вложите колку што сакате. Тикет може да го уплатите до утре до 13:29 часот, пред почетокот на првиот натпревар.

ШИФРА: 20183

The post Предлог-тикет на тема „се кладиме на Eнглези“ appeared first on Sport Plus Macedonia.

Можно е и ова да ти се допаѓа