На 20 јули 2013 година, македонската музичка сцена го доби бендот Темпера. Бендот го сочинуваат: Тања Тас – вокал, Драган Гиновски – Гино – гитара, Џоле Максимовски – бас гитара и Мите Димовски – тапани.
Првиот студиски албум на „Темпера“ – „Играј!“ – беше издаден во 2014 година за македонскиот пазар од Авалон Продукција, а следната година (2015) албумот беше објавен и во Србија и Хрватска преку Dalas Records. Со тоа, бендот направи значаен чекор надвор од домашната сцена.
Истата година, „Темпера“ настапи како специјален гостин на два големи фестивали: Belgrade Calling 2014 и Скопје Гори 2014, каде главна ѕвезда беше Били Ајдол.
По албумот „Играј!“, групата објави неколку синглови, меѓу кои: „Тивка река“ (преработка на „Коњаници“ од Падот на Византија), „Ко ѕвер“, „Не застанувај“ и „Дојди“. Исто така, Темпера оствари соработки со Горан Трајкоски – Готра на композициите „Младото Сонце“ и „Пластични кули“.
Во продолжение, уживајте во прекрасната „Дојди“.
The post Пред 12 години беше формиран еден од највозбудливите македонски рок состави – бендот Темпера appeared first on ekran.