Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИ Преживеаните од нападот на концертот на Аријана Гранде добија отштета од по 45.000 фунти

Преживеаните од нападот на концертот на Аријана Гранде добија отштета од по 45.000 фунти

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Двајца преживеани од нападот што се случи во 2017 година на концертот на американската пејачка Аријана Гранде во Манчестер, денеска добија отштета – од по 45.000 фунти (58.212 долари).

Мартин Хилберт, кој остана парализиран во долниот дел од телото и неговата ќерка Ева, која во моментот на нападот имаше 14 години и се здоби со катастрофална повреда на мозокот, добија отштета, пренесува Ројтерс.

Тие ја добија отштетата откако го тужеа новинарот Ричард Хол за малтретирање и заштита на податоците во првиот таков случај покренат против теоретичар на заговор во Велика Британија.

Хол објави книга и видеа од бомбашкиот напад во Манчестер Арена и ги сними Ева Хилберт и нејзината мајка надвор од куќата.

Во бомбашкиот напад на арената Манчестер загинаа 22 лица, а неколкумина беа повредени.

Текстот Преживеаните од нападот на концертот на Аријана Гранде добија отштета од по 45.000 фунти е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro