10
Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави гласаше за продолжување на воената помош за Украина, изјави конгресменот Дон Бејкон.
Предлог-законот HR4016 беше поддржан од 353 пратеници, додека 76 беа против, што обезбеди силна двопартиска поддршка за продолжување на американската поддршка за Киев, објави Бејкон на X, цитиран од Unian.
Законот сега оди во Сенатот на разгледување, каде што може да се измени, усвои во сегашната форма или да се отфрли.
The post Претставничкиот дом на САД го одобри продолжувањето на воената помош за Украина appeared first on Локално.
