Почеток Приведен татко кој питачел со ќерка му во Дебар

Приведен татко кој питачел со ќерка му во Дебар

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Полицијата од ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 30-годишниот С.Р. од Скопје, поради запуштање и малтретирање дете.

Инцидентот се случил на 10 јули околу 20:40 часот, кога при контрола на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар, полицајците го затекнале пријавениот како питачи со неговата петгодишна ќерка. По настанот, биле повикани претставници од Центарот за социјални работи во Дебар и адвокат за малолетници, а С.Р. бил лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поведена соодветна постапка.

Текстот Приведен татко кој питачел со ќерка му во Дебар е превземен од МАКФАКС.