Почеток КУЛТУРАПрогласени најдобрите на 22. Меѓународен стрип конкурс „Велес 2025“

Прогласени најдобрите на 22. Меѓународен стрип конкурс „Велес 2025“

racin.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Вчера во Велес, во просториите на Европската куќа беше отворен 22. Меѓународен стрип салон во Велес, најзначајна стрип манифестација во нашата дрежава и беа соопштени добитниците на наградите за оваа година.

Прва награда „Златен стрип“: „Мрак“ – Марко Стојановиќ (сценарио) и Милорад Вицановиќ Маза (цртеж), Србија

Втора награда „Златен стрип“ – „Back to the past“ – Никола Видачковиќ, Србија (сценарио) и Игор Јовчевски, Македонија (цртеж)

Трета награда „Златен стрип“: „Залогај“ – Далибор Дадо Пехар, Хрватска

Најдобар македонски стрип: „Ехоата на Зал`ахим“ – Војдан Андонов (сценарио) и Марко Марковиќ (цртеж)

Најдобро сценарио: „Проклета авлија“ – Марко Стојановиќ, Србија

Најдобар уметнички израз: „Души“ – Марко Стојановиќ, Србија (сценарио) и Vassilis Gogtzilas, Грција (цртеж)

Специјални награди за млади автори во соработка со Европска куќа Велес:

  1. „Родна Ивева – не умре од куршум умре од предавство“ – Меланија Стојанова (сценарио и цртеж) и Анџело Џипунов (сценарио), Велес
  2. „Тешки времиња“ – Александар Танчовски (сценарио и цртеж), Скопје
  3. „Strum!“ – Тамара Николова, Велес

Најмлад учесник: „Фудбал со изненадувања“ – Марко Купенков (7 години), Скопје

Најдобар дебитантски стрип: „Само фантазија“ – Ања Стојадиновска, Куманово

Наградата за најдобар стрип во категорија  до 14 години ја делат :

„ЧУДНОТО ЧУПЕ“ –Теона Чаловска, Битола и “ПОМИРУВАЊЕ ВО ПРАКСА“ –Вук Стојановиќ-Лесковац, Србија. Диплома во оваа категорија добива стрипот „Сонот на Вера“ – Христина Здравковски, Велес

Награда за најдобар стрип во категорија до 18 години: „Добро утро“ – Магдалена Марјановиќ, Ресен.

Диплома во оваа категорија добива стрипот „ВОЛШЕБНО КУЧЕНЦЕ „ –Андреа Младеновска, Скопје

Органозаторите на Меѓународниот стрип конкурс „Велес 2025“ им доделија признанија за соработка на Клубот на ликовни уметници „Рашка школа“ – Рашка, Србија, на ЛШС „НИКОЛА МИТРОВИЌ КОКАН“ Лесковац, Србија, на Здружението „ХРВАТСКИ АВТОРСКИ СТРИП“ – Загреб, Хрватска, на Creative City Center – The Multifunctional Social Cultural Center – Валона, Албанија и на Имагинариум Арт Студио – Битола.

Стрип салонот во Велес до 25 август кога ќе започне Меѓународната стрип колонија, со учесници од Србија, Бугарија и Македонија, којашто оваа година се одржува по седми пат.

Можно е и ова да ти се допаѓа