Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИ Продавачката мислела дека познатата актерка е крадец: jа пребарала нејзината торба на излегување

Продавачката мислела дека познатата актерка е крадец: jа пребарала нејзината торба на излегување

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Британската актерка Ема Томпсон (65) доживеала непријатност кога излегувала од британска продавница за луксузна стока. Имено, папараците го снимиле моментот кога продавачот ја запрел на излезот и ја замолил да ја прегледа чантата што ја имала со себе.

Познатата актерка беше облечена во лежерна облека која вклучуваше темни панталони, темен џемпер и сива капа на главата, а околу половината врза јакна. На грбот имаше голем црн ранец.

Судејќи според фотографиите, Ема се засрамила, но сепак ја отворила и и ја покажала внатрешноста на чантата. На крајот учтиво ја поздрави продавачката и продолжи по патот. „Сан“ напиша дека продавачката не ја препознала и дека дури во еден момент ја следела низ продавницата, сомневајќи се дека сака да украде нешто.

Ема е англиска актерка, комичарка и сценарист, добитничка на два Оскари и Еми, Златен глобус и БАФТА.

Текстот Продавачката мислела дека познатата актерка е крадец: jа пребарала нејзината торба на излегување е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro