Почеток СПОРТ Продолжи серијата потписи во Битола, нов договор доби и Грозданоски

Продолжи серијата потписи во Битола, нов договор доби и Грозданоски

Гол мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува со креирањето на ростерот за новата сезона, а серијата потписи продолжува со продолжувањето на соработката со важен дефанзивец од минатата сезона.

Централниот бек Христијан Грозданоски ќе го носи зелено-белиот дрес и во сезоната 2025/26, откако ја прифати понудата за нов едногодишен договор. Тој беше еден од најстандардните фудбалери во изминатата натпреварувачка година, запишувајќи 27 настапи во Првата лига и Купот на Македонија.

Грозданоски ќе биде дел од тимот што во понеделник ќе стартува со подготовките под водство на новиот стратег Димитар Капинковски, кој ќе ја има задачата да го врати Пелистер во горниот дел од табелата.

Очекувањата од клубот се големи, а задржувањето на искусни фудбалери како Грозданоски е значаен чекор во правец на стабилност и континуитет.

www.gol.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro