Почеток МАКЕДОНИЈАПромовирано делото ,,Фактори на ризик за настанување, дијагноза и третман на (CIN)“ од Проф. Д-р Горан Димитров

Промовирано делото ,,Фактори на ризик за настанување, дијагноза и третман на (CIN)“ од Проф. Д-р Горан Димитров

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

„На глобално ниво, ракот на грлото на матаката е четврт најчест рак кај жените, со околу 600 000 нови случаи во 2022год. Истата година, околу 94% од 350 000 смртни случаи предизвикани од рак на грло на матката се случиле во земјите со низок и среден приход“, објави ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје.

„Ракот на грлото на матката несразмерно ги погодува помладите жени и како резултат на тоа, 20% од децата кои ја губат својата мајка, е поради рак на глото на матката“, потенцираат во објавата.

„Глобалната стратегија на СЗО ја дефинира елиминацијата на карциномот на грло на матката како намалување на бројот на нови случаи годишно на 4 или помалку на 100 000 жени и поставува цели што треба да се постигнат до 2030 год. за да се стават сите земји на патот кон елиминација на овој карцином во наредните децении:
– 90% од девојчињата се вакцинирани со ХПВ вакцина до 15 години;
– 70% од жените да бидат прегледани со со висококвалтетен тест на возраст од 35 и 45 години;
– 90% од жените со цервикална болест да примаат третман.
Моделирањето проценува дека кумулативните 74 милиони нови случаи на рак на грлото на матката може да се избегнат, а 62 милиони смртни случаи може да се избегнат до 2120 година со постигнување на оваа цел за елиминација.
Математичките модели предвидуваат Австралија да биде на пат да го елиминира ракот на грлото на матката до 2028 година и САД помеѓу 2038 и 2046 година, додека многу земји без постоечки програми за скрининг веројaано нема да бидат без рак на грлото на матката овој век.
Во Европа, ракот на грлото на матката е рангиран како 9-ти најчест карцином кај жените и се наоѓа на второ место по смртност од рак кај жени на возраст од 15 до 44 години“, потенцираат во објават од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје.

На 10.07.2025 год. беше промовирано делото „Фактори на ризик за настанување, дијагноза и третман на цервикална интраепителна неоплазија (CIN)“ од авторот Проф. Д-р Горан Димитров чии рецензенти пак се Проф. Д-р Јорго Бабушку и Проф. Д-р Рубенс Јовановиќ.

Ова дело испишано на 111 страници, во себе содржи податоци за историјата на цервикална интраепителна неоплазија (CIN), неговата етиологија и патогенеза, епеидемиолошките фактори на ризик на настанување, дијагноза и третман.

Исклучително корисно четиво засновано врз долгогодишното искуство на порфесорот следејќи ги локалните и светските трендови од проблематиката.

Можно е и ова да ти се допаѓа