Почеток Црна ХроникаПронајдена 14-годишна малолетничка од Струмица која била однесена од Охрид во Скопје

Пронајдена 14-годишна малолетничка од Струмица која била однесена од Охрид во Скопје

pretres.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Малолетничка од Струмица, за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од домот во кој престојувала во Охрид, е пронајдена во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во СВР Охрид во петокот попладне, Е.А. (45) од Струмица пријавил дека неговата 14-годишна ќерка Ј.А. исчезнала од домот два дена претходно. Според пријавата, на 21 август добил порака преку социјалната мрежа „Фејсбук“ од женско лице од Скопје, кое му кажало дека девојчето се наоѓа во нејзиниот дом, дека таму дошло доброволно и дека ќе било мажено за братот на тоа лице.

Таткото изразил сомнеж дека малолетничката сама отпатувала во Скопје, бидејќи немала пари кај себе, и дека всушност била измамена и однесена.

По преземени мерки и активности, девојчето било пронајдено во Скопје, а во полициска станица бил извршен службен разговор со Р.Б. (20) од Скопје, поради сомнение дека е вмешана во случајот.

„По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопштија од МВР.

The post Пронајдена 14-годишна малолетничка од Струмица која била однесена од Охрид во Скопје first appeared on Претрес.мк.

Можно е и ова да ти се допаѓа