Почеток МАКЕДОНИЈА Пронајдено безживотното тело на стружанецот по кој се трагаше два дена

Пронајдено безживотното тело на стружанецот по кој се трагаше два дена

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во атарот на струшкото село Глобочица денеска околу пладне е пронајдено безживотното тело на 60-годишниот жител на Струга, кој пред два дена беше пријавен за исчезнат, потврдиja од СВР Охрид.

Информациите се дека на телото на К.М. не биле пронајдено траги на насилство, а смрт констатирала медицинска екипа.

Увид на местото извршила полициска екипа во присуство на јавен обвинител.

Телото на починатиот е предадено на обдукција.

Инаку, лицето било пријавено за исчезнато во понеделникот доцна попладнето во реонот на селото Брчево, каде собирал шумски плодови и не се вратил во својата викенд куќа, а не можело да се воспостави ниту телефонска комуникација.

По него трагаше екипа на полицијата, Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид и локално население.

Текстот Пронајдено безживотното тело на стружанецот по кој се трагаше два дена е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro