Вчера е пронајдено телото на 60-годишниот стружанец К.М. кој од неделата беше пријавен за исчезнат во реонот на селото Брчево.
Телото на 60-годишниот стружанец било пронајдено без траги на насилство. Смрт констатирала медицинска екипа.
-Во атарот на струшкото село Глобочица денеска околу пладне е пронајдено безживотното тело на 60-годишниот жител на Струга, кој пред два дена беше пријавен за исчезнат, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Во ваквите случаи потрагите можат да траат со денови местото каде беше исчезнат стружанецот е комплициран планински терен со густа вегетација и многу тешко прооден и за луѓе кои пешки пристапуваат.
Од Планинската спасителна служба велат дека ова не е прв ваков случај. На 18-ти октомври исчезна белгиски турист кој планирал да планинари во охридско – струшкиот регион кон Албанија. И покрај темелното пребарување сеуште не е пронајдена ниту една трага од исчезнатиот турист.
The post Пронајдено телото на стружанецот кој во неделата се упатил да бере печурки и не се вратил appeared first on Локално.