Почеток МАКЕДОНИЈА Протоколарни теми и технички прашања на маса на првата средба на историчарите

Протоколарни теми и технички прашања на маса на првата средба на историчарите

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Првиот ден од состанокот на мешовитата историска комисија поминал во запознавање на членовите, дискусија за принципите на работа, протоколарни прашања, како и за теми кои во минатото биле камен на сопнување.

„Повеќе разговараме околу технички, протоколарни и општи прашања по кои тешко се наоѓа решение. Но тоа не значи дека го загубивме денешниот ден. Не знам, уште немаме конкретно мислење. Нека поминат две-три средби,“ изјави копретседателот на комисијата, Ангел Димитров.

Членовите на комисијата засега не открија дали ќе бараат ревидирање на дел од претходно донесените одлуки. Историчарот Митко Панов изјави дека тој и неговите колеги треба да се запознаат со методологијата и концептот на работа. Тој истакна дека очекува слободно изразување на ставовите на македонската историографија. Во меѓувреме, Димитров во изјава за бугарските медиуми посочи дека очекува македонскиот тим да продолжи со остриот тон на Владата.

The post Протоколарни теми и технички прашања на маса на првата средба на историчарите appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro