Почеток МАКЕДОНИЈА Проштална средба на македонскиот амбасадор во Тирана, со шефот на албанската дипломатија

Проштална средба на македонскиот амбасадор во Тирана, со шефот на албанската дипломатија

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во албанското Министерство за Европа и надворешни работи се одржа проштална средба на македонскиот амбасадорот Данчо Марковски со министерот Игли Хасани.

Покрај другото средбата била искористена за размена на мислења околу билатералните односи и перспективи меѓу двете земји.

Заеднички беше констатирана потребата од давање дополнителен импулс во соработката, особено во делот меѓу ресорската соработка, економско – трговската и културна соработка, како и на другите полиња од заемен интерес, објави амбасадата во Тирана.

Двајцата соговорници ја истакнале потребата за натамошно продлабочување на меѓусебните односи и заедничко генерирање на стабилност во регионот.

Марковски е вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Албанија од 2020 година.

The post Проштална средба на македонскиот амбасадор во Тирана, со шефот на албанската дипломатија appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro