Блитвата ѝ дава на пројата не само убав вкус, туку и прекрасен изглед.
Состојки:
4 јајца
100 грама крем сирење
150 мл масло
150 мл млеко
150 мл минерална вода
1 чаша (200 мл) пченкарно брашно
1 чаша бело брашно
1 чаша пченкарен гриз (пaлента)
1 прашок за пециво
сол
300-400 грама бланширана блитва
150 грама рендано сирење
Подготовка:
Изблендирајте ги јајцата со крем сирењето со миксер, додадете го маслото, млекото и минералната вода и на крај сувите состојки и солта. Соединете сè, потоа додадете ги блитвата и сирењето и измешајте. Истурете ја смесата во плех за печење со димензии 20×30 см обложен со хартија за печење. Печете на 180° 30-40 минути додека пројата не ја добие бојата како на сликата. Исечете ја малку изладената проја во посакуваните форми и консумирајте ја. Чаша млеко или јогурт ќе биде убава со оваа проја..
Сервирање:
Лесен ручек или вечера без месо. Пројата е подеднакво вкусна топла или ладна. Значи, можеме да ја носиме на работа или на патување.
Совет:
Наместо крем сирење, можете да користите урда, а наместо блитва, спанаќ.