Почеток МАКЕДОНИЈА Птичји грип кај угината дива птица во комплексот „Свети Јован“ во Злокуќани

Птичји грип кај угината дива птица во комплексот „Свети Јован“ во Злокуќани

racin.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) потврди нов случај на птичји грип кај една угината дива птица, поточно гуска и тоа во резиденцијалниот комплекс „Свети Јован“ во скопско Злокуќани. АХВ направила лабораториско тестирање на два живи лебеда кај кои не е утврдено присуство на вирусот.

Денеска се преземаат мерки за заловување на другите птици во комплексот, кај кои ќе се врши лабораториско тестирање за утврдување на присуство на болеста, најавуваат надлежните.

АХВ донесе решение за прогласување на болеста и нареди затворање на живината/птиците во нивните одгледувалишта, земање на мостри од угинати птици за утврдување на присуство на вирусот, забрана за одржување на саеми и изложби. Задолжително е пријавувањето и на промени во здравствената состојба кај одгледувачите на живина, иако Зоолошката градина во Скопје е сè уште затворена, откако во езерцето беше пронајдена заразена патка, а АХВ изврши хумано убивање на 24 птици.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro