Почеток СВЕТ Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во пукање во близина на главниот град на мексиканската држава Синалоа се убиени 19 осомничени членови на банда и уапсен лидер на локален картел, соопшти доцна вчера мексиканското Министерство за одбрана.

Судирот се случил кога повеќе од 30 вооружени напаѓачи отвориле оган врз војниците на околу 11 километри од Кулијакан, во Синалоа. Се додава дека некои од напаѓачите побегнале откако федералните агенти возвратиле на оган.

Уапсениот осомничен е идентификуван како Едвин Антонио „Н“ – локален водач на картелска фракција поврзана со ко-основачот Исмаел Ел Маја Замбада.

Полицијата, исто така, заплени седум возила и речиси 30 огнени оружја, вклучувајќи митралези, муниција, панцири и шлемови.

Насилството во Синалоа ескалира по апсењето на Замбада кон крајот на јули во Тексас, што го засили ривалството меѓу картелските фракции, пренесува Ројтерс. Замбада, кој има 70-ти години, тврди дека бил киднапиран од висок член на фракцијата Лос Чапитос и одведен во САД против негова волја.

Текстот Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro