Почеток СВЕТПутин го прими советникот на иранскиот ајатолах Хамнеи

Путин го прими советникот на иранскиот ајатолах Хамнеи

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Кремљ го прими Али Лариџани, висок советник на врховниот лидер на Исламската Република Иран, кој му презентираше на рускиот лидер оценка за влошувањето на ситуацијата на Блискиот Исток и околу иранската нуклеарна програма, пренесуваат руските медиуми.

Портпаролот на рускиот лидер, Дмитриј Песков потврди на прес-конференција дека претседателот Путин денеска го примил Али Лариџани во Кремљ.

„Иранскиот функционер, по наредба на неговото раководство, ја пренесе својата оценка за влошувањето на ситуацијата на Блискиот Исток и околу нуклеарната програма на Иран“, рече Песков.

Тој објасни дека руската страна изразила добро познати ставови насочени кон стабилизирање на ситуацијата во регионот и политичко решавање на прашањата поврзани со нуклеарната програма на Иран.

Можно е и ова да ти се допаѓа